Ништо од Данди: Еден од најдобрите македонски млади фудбалери од во втората лига во Чешка!

Македонскиот младински репрезентативец и еден од најперспективните фудбалери, 20-годишниот Мартин Ѓорѓиевски, кариерата ќе ја продолжи во Чешка, каде што се сели во втората лига.

Клубот Брера постигна договор со ФК Збројовка Брно за негов ангажман, а играчот утре треба да ги мине задолжителните лекарски прегледи и потоа да стави потпис на соработката.

Само вчера Ѓорѓиевски беше дел од младата репрезентација на Македонија во дуелот против Италија одигран во Битола.

Претходно неговото име се поврзуваше со трансфер во шкотски Данди и во македонскиот Вардар, но тие преговори не добија епилог.

Фудбалерот извесен период беше во нарушени односи со раководството на Брера, поради што и не доби настап во првите кола од тековната сезона.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *