Салах е машина оваа сезона – далеку зад него се Халанд, Сака и Палмер

Една од најголемите ѕвезди на Ливерпул, Мохамед Салах оваа сезона игра неверојатно во дресот на премиерлигашот и на 22 настапи досега учествуваше во 28 погодоци.

Салах вечерва погоди против Жирона од пенал и така дополнително напредуваше на ранг-листата, односно далеку зад себе ги остави Ерлинг Халанд, Букајо Сака и Кол Палмер.

Халанд учествувал во 19 погодоци на својот тим, по што следи Сака со еден помалку, додека Палмер имал улога во 17 голови.