Ѓорческа продолжува да доминира: Во Романија ќе игра и финале!

by

in

Македонската тенисерка број еден, Лина Ѓорческа, блеска на турнирот во романскиот град Слобозија и избори финале со нова сигурна победа. Во полуфиналето таа ја совлада домашната претставничка Мариа Попа со 2-0 во сетови (6-1, 6-4).

Првиот сет Ѓорческа го одигра речиси без грешка, дозволувајќи ѝ на ривалката само еден гем и завршувајќи го за половина час. Вториот дел од мечот беше поизрамнет, но македонската тенисерка остана присебна и со еден пресуден брејк ја осигура конечната победа.

За нова титула оваа сезона, Ѓорческа утре ќе се соочи со уште една Романка – Елена Бертеа.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *