Ѓорческа загуби сет, но ќе игра за финале во Романија!

by

in

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори ново полуфинале откако денеска на турнирот во Романија ја совлада хрватската тенисерка Лусија Ќириќ Багариќ со 2-1 во сетови (1-6, 6-1, 6-0), по час и 41 минута игра.

Ѓорческа лошо го започна мечот и загуби четири гема по ред, па Хрватката лесно дојде до сет со 6-1. Но, македонската тенисерка успеа брзо да се консолидира, возврати со идентичен резултат во вториот сет, а потоа во третиот беше апсолутно доминантна, не дозволувајќи ѝ на противничката да освои ниту еден гем.

Во борбата за финале, Ѓорческа, која на турнирот настапува како трет носител, ќе игра против домашната тенисерка Марија Сара Попа. Натпреварот е закажан за утре од 9 часот наутро.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *