Бенфика триумфира во дербито: Талески постигна важни голови против Спортинг

Бенфика славеше во дербито против Спортинг со 38-34 во португалскиот шампионат, а македонскиот ракометар Филип Талески постигна важни голови.

Талески го заврши натпреварот со три погодоци за Бенфика, која во првото полувреме имаше негатива од 14-16, меѓутоа во вториот дел се разбуди и со пресврт стигна до победата.

Спортинг и Порто имаат по 43 бодови на првата позиција, по што следи Бенфика на третото место со 39 поени.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *