Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се соочува со неизвесна иднина откако Валенсија веќе не смета на неговите услуги, а преодниот рок истекува за само неколку дена.
Во изминатиот период силно се поврзуваше со Леванте, дури се тврдеше дека се договорени личните услови, но трансферот пропадна поради несогласувања околу отштетата. Валенсија не ја прифати понудата за позајмица, а дополнителен проблем претставувало тоа што од клубот од „Местаља“ барале да покрива дел од платата на македонскиот голман.
Од комбинација испадна и Елче, кој веќе обезбеди нов чувар на мрежата. Така, како најреална опција за Димитриевски во моментов останува Селта Виго, но останува неизвесно дали двете страни ќе успеат да постигнат договор пред затворањето на преодниот рок.
Leave a Reply