Eлмас има само една желба и за друго не сака да преговара!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел повторно да го облече дресот на Наполи уште овој преоден рок.

Италијанскиот клуб веќе ја започна првата рунда преговори со Лајпциг, од каде што се подготвени да го ослободат Елмас, но единствено доколку пристигне понуда која ќе ги задоволи.

Фудбалерот нема дилема, неговата желба е јасна и таа води кон враќање во Неапол. Сите останати опции моментално се ставени на пауза, а приоритет останува клубот со кој пред една година се закити со титулата во Серија А.

Според најновите информации, трансферот би се реализирал во форма на позајмица, а клучниот дел од преговорите се води околу клаузулата за целосен откуп на договорот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *