Ништо од Бонифејс, но Милан го купува наследникот на Ѓокереш

by

in

Милан, кој на отворањето на новата сезона во Серија А доживеа тежок пораз од Кремонезе, работи интензивно на засилување на напаѓачката линија и е пред финализација на трансферот на младиот дански талент Конрад Хардер.

Според добро информираниот новинар Фабрицио Романо, преговорите меѓу „росонерите“ и клубот на 20-годишниот голгетер се во завршна фаза и се одвиваат без поголеми пречки, што е јасен знак дека трансферот е на добар пат да биде официјализиран.

Милан ќе плати 24 милиони евра за неговите услуги, а со дополнителни бонуси вкупната сума може да достигне и до 27 милиони евра.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *