Донарума ги договори личните услови, на чекор е од Премиер лигата

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума е пред голем трансфер во англиската Премиер лига, откако според најновите информации постигнал договор за лични услови со Манчестер Сити. „Граѓаните“ се подготвени да му понудат долгорочен ангажман, а во тек се преговори со Пари Сен-Жермен за висината на обесштетувањето.

Сепак, целата зделка зависи од судбината на актуелниот прв голман на Сити, Едерсон. Бразилецот би можел да го напушти клубот ова лето, а токму тоа би го отворило патот Донарума да пристигне на „Етихад“.

Донарума, кој има само 25 години, се смета за еден од најдобрите голмани во Европа. Тој во 2021 година премина во ПСЖ по заминувањето од Милан, а со репрезентацијата на Италија беше прогласен и за најдобар играч на Европското првенство истата година.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *