Полската Јагелонија од Бјалисток синоќа со убедливи 3-0 го совлада албанскиот претставник Динамо Тирана во првиот плејоф-дуел за место во групната фаза на Конференциската лига. Но, покрај резултатот, на трибините се случи момент што особено ќе им биде интересен на македонските љубители на фудбалот.
Навивачите на домашниот тим на големо го извикуваа името на Дарко Чурлинов, нашиот репрезентативец кој минатата сезона настапуваше за Јагелонија како позајмен фудбалер од англискиот Барнли.
Darko Churlinov 🔙⁉️Kibice na TAK ✅ pic.twitter.com/PC6g0VW05a
— Polsat Sport (@polsatsport) August 21, 2025
Фото: X/Kuba Seweryn
Leave a Reply