Навивачите скандираа „пумпај“, па почнаа да го навредуваат Вучиќ во Белград (Видео)

Српската кошаркарска репрезентација во Белград на убедлив начин ја совлада Словенија во последниот тест натпревар пред почетокот на Европското првенство, но вниманието на јавноста не беше насочено само кон играта на теренот, туку и кон атмосферата на трибините.

Дел од присутните навивачи започнаа да скандираат „пумпај, пумпај“, јасно изразувајќи поддршка за студентските протести што деновиве се одвиваат низ улиците на Србија. Покрај ова, во салата одекнаа и повици со навредлива конотација насочени кон претседателот Александар Вучиќ, што дополнително го привлече вниманието на медиумите и јавноста.

 

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *