Елиф Елмас би можел во самиот финиш на летниот преоден рок да го промени клубот. Македонскиот репрезентативец наводно е следен од Вест Хем, кој го гледа како засилување за средниот ред.
Иако Наполи размислува за негово враќање, актуелниот италијански првак не е сам во трката. За разлика од наполитанците, англискиот клуб е подготвен целосно да ја покрие сумата која Лајпциг ја бара за неговиот трансфер.
„Чеканите“ се во потрага по универзален играч во средината, а токму таа флексибилност на Елмас е главната предност во очите на лондонскиот тим.
Во меѓувреме, македонскиот ас ја одбил понудата на турскиот Бешикташ вредна пет милиони евра годишно, бидејќи неговата желба е кариерата да ја продолжи во едно од најсилните европски првенства – Серија А или Премиер лигата.
Leave a Reply