Чаирчани се жалат: Во Битола бевме каменувани!

Кошаркарскиот клуб Чаир синоќа објави соопштение по гостувањето кај Пелистер во рамките на деветтото коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Екипата, која до неодамна беше на врвот на табелата, доживеа пораз со резултат од 73-77. Сепак, според изјавата од клубот, натпреварот бил обележан со несакани инциденти и непријатности при нивното заминување од Битола.

„Целиот натпревар беше обележан со голема тензија и притисок од трибините, при што нашите кошаркари беа изложени на навреди, говор на омраза и фрлени предмети. И покрај ваквите инциденти, не беше преземена мерка за празнење на трибините. На крајот, при заминувањето, нашиот автобус беше каменуван – чин што го осудуваме со најстрога осуда“, се наведува во соопштението од КК Чаир.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *