Вардар ги одреди цените на влезниците за домашните натпревари до крајот на сезоната

Екипата на Вардар ги потврди цените на билетите за сите домашни средби до крајот на сезоната во ПМФЛ.

Како што информираа од клубот, одлуката е донесена на последната редовна седница на Одборот на директори, при што билетите за јужната трибина на Арената „Тодор Проески“ ќе чинат 200 денари, а за источната 100 денари.

„Цената на билетите за сите натпревари кои ФК Вардар ќе ги игра на домашен терен до крајот на сезоната 2025/26 е 200 денари за југ и 100 денари за исток“, стои во соопштението на клубот.

Црвено-црните во петокот го пречекаа Пелистер во првото коло од новата сезона, а планот е сите мечеви како домаќини да ги играат на Националната арена.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *