Кристал Палас приреди вистинско изненадување и по драматична пенал-серија го совлада Ливерпул со 3-2, освојувајќи го својот прв трофеј во натпреварот за Комјунити Шилд.
„Црвените“ влетаа моќно во мечот и уште во 4. минута поведоа со погодокот на Уго Екитике, но радоста траеше кратко – во 17. минута Жан-Филип Матета донесе израмнување за „орлите“. Веќе во 21. минута, Жереми Фримпонг со прецизен удар донесе пресврт за Ливерпул, но Кристал Палас не се предаде.
Во финишот од натпреварот, во 77. минута, Исмаила Сар погоди за 2-2 и натпреварот отиде во изведување на пенали. Таму, лондонскиот состав беше постабилен и со 3-2 ја запечати победата и трофејот, нанесувајќи му болен пораз на гигантот од „Енфилд“.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply