Официјално: Шешко е нов напаѓач на Манчестер јунајтед

by

in

Англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед официјално го претстави своето ново големо засилување за претстојната сезона – словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко, кој пристигнува од редовите на РБ Лајпциг.

„Црвените ѓаволи“ постигнаа договор со бундеслигашот за трансфер вреден 76,5 милиони евра во готово, со дополнителни 8,5 милиони евра предвидени како бонуси врз основа на индивидуални и тимски успеси.

Дваесет и едногодишниот Шешко потпиша долгорочен договор со клубот од „Олд Трафорд“ кој ќе трае до 2030 година. Пред да се реши за Манчестер јунајтед, тој ја одби понудата на Њукасл Јунајтед, искажувајќи желба токму „ѓаволите“ да бидат неговиот следен голем чекор во кариерата.

Фото: Facebook/Manchester United


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *