Во минатото беше хулиган и се тепаше со ривали, а сега ќе биде претседател на Полска

by

in

Карол Навроцки и официјално ја презеде функцијата претседател на Полска, откако положи свечена заклетва пред полскиот парламент. Но, неговиот избор предизвика бурни реакции во јавноста, поради контроверзното минато поврзано со навивачки групи и хулиганство.

Навроцки е долгогодишен поддржувач на фудбалскиот клуб Лехија Гдањск, а јавноста особено се сеќава на неговата вмешаност во озлогласената тепачка „70 на 70“ од 2009 година – насилен судир меѓу навивачите на Лехија и Лех Познањ, што ја потресе полската спортска и безбедносна сцена.

Иако минатото му е исполнето со инциденти и етикети на радикален навивач, Навроцки со текот на времето ја изгради својата политичка кариера и доби значителна поддршка кај еден дел од полското население.

Фото: Принтскрин