Ристовски и Елези ќе имаат нов тренер во Сараево

by

in

Фудбалскиот клуб Сараево веќе на самиот почеток од новата сезона се соочува со сериозна тренерска криза, откако утрово официјално беше потврдено заминувањето на шефот на стручниот штаб, Зоран Зекиќ.

Во краткото соопштение објавено од клубот се наведува: „Ги известуваме нашите навивачи и пошироката јавност дека Зоран Зекиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата главен тренер на ФК Сараево.“

Оставката доаѓа по слабите резултати на тимот на стартот од сезоната. Сараево доживеа елиминација од европската сцена уште во втората квалификациска рунда од Конференциската лига.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *