МВР презема мерки по скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на мечот на Шкендија

by

in

Навивачката група на Шкендија синоќа повторно се најде во центарот на вниманието, откако за време на натпреварот против Карабах, одигран на Националната арена „Тодор Проески“, во повеќе наврати од трибините одекнуваа националистички скандирања како „Илирида“ и „Голема Албанија“.

Иако Министерството за внатрешни работи претходно најави дека ќе постапува против слични инциденти и ќе санкционира какви било националистички или недолични испади, засега нема конкретни информации за приведени лица.

Сепак, за телевизија „Телма“ денеска од МВР информираат дека СВР Скопје веќе работи на идентификација на одговорните лица врз основа на снимениот материјал, и дека активностите се спроведуваат во соработка со надлежен јавен обвинител.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *