ЖФК Љуботен го растури Рунавик на стартот на ЛШ (Видео)

Фудбалерките на ЖФК Љуботен обезбедија убедлива победа од 4-1 против екипата на Рунавик од Фарските Острови, во полуфиналниот натпревар од квалификацискиот мини-турнир за пласман во Лигата на шампиони.

Иако натпреварот започна шокантно за тетовската екипа – противничката фудбалерка Бенбакура во 12. минута ја искористи невнимателноста на одбраната и го донесе Рунавик во водство – избраничките на Љуботен брзо се консолидираа и возвратија со жесток напаѓачки притисок.

До крајот на првото полувреме македонскиот шампион постигна три погодоци. Прво израмни Марковска, потоа Мустафа го сврте резултатот во корист на Љуботен, а Максути ја зголеми предноста на 3-1 пред паузата.

Во второто полувреме, во 63. минута, Охадиве го постигна четвртиот гол и го завери триумфот, со што тимот од Тетово сигурно чекори кон следната фаза.

Фото: Facebook/ЖФК Љуботен – Тетово Официјална Страна


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *