Најстаршниот напаѓач доаѓа во Лондон: Арсенал го купи Ѓокереш – познати се деталите!

Англискиот премиерлигаш Арсенал постигна целосен договор за ангажман на шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш, кој доаѓа од португалскиот клуб Спортинг Лисабон. Ова претставува значително засилување за тимот на Микел Артета пред почетокот на новата сезона.

Според информациите, трансферот е вреден 63,5 милиони евра како фиксна сума, со дополнителни 10 милиони евра во форма на бонуси, зависно од учинокот на играчот. Претходно, Арсенал веќе постигнал договор со 26-годишниот напаѓач за петгодишен договор, а финалните детали биле усогласени и со агентите на фудбалерот, кои дури ја намалиле својата провизија за трансакцијата да биде реализирана.

Ѓокереш блескаше во дресот на Спортинг, каде што во минатата сезона постигна 43 гола во сите натпреварувања и стана еден од најбараните напаѓачи во Европа.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *