Вардар би можел да се соочи со еден од најтешките ривали во КЛ доколку ја елиминира Лозана

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, денеска ги дозна можните противници во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Според извлечените парови, ако црвено-црните успеат да го елиминираат швајцарскиот претставник Лозана во второто коло, нивниот следен ривал ќе биде победникот од двомечот меѓу Зимбру (Молдавија) и Астана (Казахстан).

Натпреварите од третото квалификациско коло се закажани за 7 август, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна, на 14 август.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *