Тројца навивачи на Вардар завршиле во полиција по вчерашниот натпревар!

Oд МВР информираа дека тројца навивачи на Вардар биле приведени на натпреварот против Ла Фиорита во рамките од Конференциската лига.

Причината за приведувањата како што се наведува биле фрлање предмети на теренот.

„На 10.07.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Ф.Д.(19), М.Г.(18) и А.З.(27), сите од Скопје, поради тоа што за време и по завршување на фудбалски натпревар на aрената „Тоше Проески“ во Скопје фрлале тврди предмети кон полициски службеници, лица во публиката, како и лица учесници на натпреварот“, информираат од МВР.

Ќе потсетиме, Вардар славеше над Ла Фиорита со 3-0.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *