Барди постигнал договор со новиот клубл – наскоро се може да биде потврдено!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е пред нов предизвик во турската Суперлига, откако, според пишувањата на турските медиуми, е на чекор до трансфер во редовите на Коњаспор.

Барди веќе се раздели со Бодрумспор, за кој настапуваше во изминатата сезона, а иако првично се спомнуваше дека е блиску до договор со Ризеспор, последните информации од Турција откриваат пресврт во преговорите.

Според истите извори, Коњаспор веќе извесен период водел разговори со македонскиот интернационалец, а официјализацијата на трансферот се очекува наскоро.

Наводно, Барди ќе потпише договор на две години, со годишна плата од околу 500.000 евра.

Ако трансферот се реализира, тоа ќе биде трет клуб во Турција за поранешниот играч на Шкупи, Ујпешт и Леванте, откако претходно носеше дрес и на Трабзонспор и Бодрумспор.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *