Шпанскиот стратег Чаби Алонсо, кој неодамна седна на клупата на Реал Мадрид, веќе се соочува со сериозни предизвици.
Иако успеа да го одведе тимот до полуфиналето на Клупското светско првенство, тешкиот пораз од Пари Сен Жермен со 0-4 остави горчлив впечаток и покрена низа прашања околу функционирањето на тимот.
Како што пренесува шпанскиот весник „Марка“, Алонсо по натпреварот бил особено загрижен поради недостигот на тимска хемија и заедничка игра.
Според неговата анализа, играчите на Реал Мадрид премногу се потпираат на индивидуални потези, наместо да дејствуваат како координирана и компактна целина.
Фото: Grok AI
Leave a Reply