Филип Миркуловски се врати во репрезентацијата!

Поранешниот македонски репрезентативец и ракометна легенда, Филип Миркуловски, повторно ќе биде дел од националниот тим, овојпат во нова, стручна улога.

Тој е именуван за спортски координатор на машките ракометни селекции на Македонија, позиција која досега ја извршуваше Влатко Тасевски, кој пак ќе го преземе местото генерален секретар на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

По повеќегодишниот ангажман во Германија, Миркуловски се враќа во татковината со јасна визија и голема мотивација.

„Му благодарам на претседателот на РФМ за укажаната доверба и можноста да бидам дел од еден нов процес во македонскиот ракомет. Ќе се вложам максимално и ќе го пренесам сето искуство што го стекнав во Германија. Особено внимание ќе посветиме на младинските категории, комуникацијата со селекторите и изградбата на долгорочен систем на работа, кој ќе биде основа за напредок на сите селекции, вклучително и сениорската. Пред нас е голема задача, но верувам дека можам да придонесам“, изјави Миркуловски.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *