Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, упати остри критики на сметка на претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, поради неговите изјави поврзани со Клупскиот светски куп.
„Никогаш досега не сум видел претседател на некоја лига да зборува на начин како што тоа го прави Тебас“, изјави Куртоа.
Повод за реакцијата на белгискиот голман беше неодамнешната изјава на Тебас, кој го критикуваше новиот формат на Клупскиот светски куп и отворено го доведе во прашање неговото постоење и значење.
„Не сака Светското клупско првенство да постои? Па, постои – и толку од тоа“, додаде Куртоа.
Фото: Принтскрин
Leave a Reply