Главниот спонзор на Вардар, „Новоматик“ и во наредната сезона ќе ја продолжи поддршката за Вардар.
Австриската компанија која пред една година се приклучи на црвено-црното семејство, останува партнер и во новата натпреварувачка година, откако минатата сезона вложи околу еден милион евра, инвестиција што беше клучна за финансиската стабилизација на клубот.
Покрај затворањето на дел од финансиските обврски, Вардар во минатата сезона успеа да ја врати победничката енергија. Трофејот во Купот на Македонија им обезбеди и место во квалификациите за Конференциската лига.
Првото европско искушение е закажано за 10 јули, кога Вардар ќе се сретне со тимот на Ла Фиорита од Сан Марино, на домашен терен. Реваншот е на програмата една недела подоцна, а црвено-црните се надеваат на успешен старт на европската мисија.
Leave a Reply