Роналдо го критикуваат зошто не дојде на погребот на Жота: Позната причината!

by

in

Кристијано Роналдо одлучи да не присуствува на погребот на Диого Жота и Андре Силва за да избегне медиумски циркус што дополнително би ја комплицирал веќе болната ситуација за семејството .

Се очекуваше легендарниот напаѓач, капитенот на португалската репрезентација и соиграч на Жота во националниот тим, да биде присутен, но тоа не се случи.

Најверојатната верзија за неговото непојавување беше дека не сакал да привлече внимание кон себе и со тоа да ја изгуби смислата на тажното собирање.

Во исто време, сепак, има информации дека Роналдо контактирал со семејството на Жота и им кажал дека сака финансиски да ги поддржи децата што ги остави Жота зад себе.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *