Роналдо со потресна порака се збогува од Жота (Фото)

by

in

Трагичната вест за загинувањето на Диого Жота и неговиот брат Андре во сообраќајна несреќа длабоко го потресе фудбалскиот свет. Болката по нивната загуба се шири низ целиот спортски свет, а меѓу првите што реагираа беше и Кристијано Роналдо – легендата на португалскиот фудбал и долгогодишен соиграч на Жота во националниот тим.

Роналдо, кој со Жота ја делеше соблекувалната во репрезентацијата на Португалија, се огласи на социјалните мрежи со емотивна и потресна порака.

„Не можам да разберам. Само што бевме заедно во репрезентацијата, ми зборуваше дека ќе се венчаш. До твоето семејство, сопругата и децата, испраќам искрено сочувство и им посакувам сила за да го издржат ова. Знам дека секогаш ќе бидеш со нив. Почивајте во мир, Диого и Андре. Ќе ни недостигате“, објави Роналдо.

View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Фото: Принтскрин