Аргентински стопер го засили Вардар!

Во текот на подготовките кои фудбалерите ги одработуваат во базата во Раденци во Словенија, Вардар потврди и едно засилување.

Станува збор за 20-годишниот централен дефанзивец Мануел Куестас, кој од јануари е дел од тимот, а со своите игри и посветеност успеа да ја добие довербата на стручниот штаб предводен од Гоце Седлоски.

Клубот објави дека Куестас потпишал нов договор со важност од четири години, што е јасен сигнал дека на него се смета како на важен дел од ростерот за иднината.

Се очекува младиот дефанзивец да добие шанса и на пријателските натпревари во Словенија, со оглед на тоа што Вардар наскоро ќе го одигра првиот меч од квалификациите за Конференциската лига, каде ќе се соочи со Ла Фиорита од Сан Марино.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *