Калчолигаш му нудел договор на Антони, но во мислите на Бразилецот е само во Бетис

Италијанскиот клуб Комо, кој ова лето прави амбициозни чекори на трансфер-пазарот по пласманот во Серија А, се обидел да го ангажира бразилскиот офанзивец Антони, пренесува реномираниот новинар Фабрицио Романо. Сепак, Антони наводно му дава предност на враќање во Реал Бетис, каде што претходно играше и се чувствуваше пријатно.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед е свесен за интересот од Комо, но според информациите, неговата желба е повторно да облече дресот на шпанскиот клуб. Исто така, и во таборот на англискиот гигант се запознаени со намерата на Антони, но засега не постои официјален договор меѓу двата клуба, Бетис и Јунајтед.

Антони, кој во Јунајтед пристигна од Ајакс како едно од најскапите засилувања, не успеа во целост да ги оправда очекувањата на „Олд Трафорд“ и сè почесто се поврзува со заминување.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *