Време е за нов предизвик: Димитриевски ја напушта Валенсија

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, се наоѓа пред заминување од редовите на Валенсија, откако раководството на клубот, во согласност со новиот тренер Карлос Корберан, одлучи неочекувано да го стави на трансфер-листата.

Иако многумина очекуваа дека Димитриевски ќе ја преземе улогата на прв голман по најавеното заминување на Гиорги Мамардашвили во Ливерпул, ситуацијата во клубот драматично се смени.

Димитриевски пристигна во Валенсија во летото 2023 година како слободен агент од Рајо Валјекано, потпишувајќи договор до јуни 2026 година.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *