Фудбалерите на Сити релативно лесно излегоа на крај со Видад Казабланка. Натпреварот на „Линколн Фајненшл Филд“, во Филаделфија заврши со резултат 2:0.
Сити поведе по само две минути игра, откако Фил Фоден ја затресе мрежата на Мароканците, а до крајот на првото полувреме белгискиот репрезентативец Жереме Доку погоди и за 2:0.
На крајот од натпреварот, англискиот тим остана со еден играч помалку. Директен црвен картон му беше доделен на младиот дефанзивец Рико Луис поради опасна игра.
Leave a Reply