Македонија со пораз од Фарски Острови го започна младинското СП, еден ракометар ни даде 15 гола

Македонската младинска ракометна репрезентација не успеа со победа да го отвори настапот на Светското првенство што се одржува во Полска. Нашите млади ракометари загубија од силната селекција на Фарски Острови со 29-33, иако во добар дел од натпреварот беа рамноправен противник.

Избраниците на селекторот добро го отворија мечот и во првото полувреме парираа на агресивната игра на противникот. Се играше гол за гол, а на пауза се замина со минимално водство за Фарските Острови од 15-16.

Клучниот играч во редовите на ривалот беше феноменалниот Оли Митун, кој во првите 30 минути постигна дури десет голови. Во вториот дел продолжи во ист ритам и брзо донесе плус три за својот тим (16-19), предност што нашите ракометари не успеаја да ја анулираат до самиот крај.

Митун беше нерешлива енигма за македонската одбрана и натпреварот го заврши со неверојатни 15 гола. Најефикасни во нашите редови беа Калајџиески и Узунчев, кои постигнаа по шест погодоци.

Македонија шансата за поправен ќе ја бара во второто коло против селекцијата на Романија, која на стартот беше подобра од Исланд.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *