Неапол готи, пристигна Де Брујне (видео)

Кевин де Брујне денес пристигна во Неапол на лекарски прегледи, а потоа и официјално ќе стави потпис на договорот со Наполи.

Белгиецот постигна договор со италијанскиот шампион уште на крајот на мај и требаше да потпише на почетокот на јуни, но процесот се одложи поради неговите ангажмани со репрезентацијата на Белгија.

Договорот на Де Бројне е на две години со можност за продолжување на уште 12 месеци, а играчот денес пристигна да го комплетира трансферот.

Неговото доаѓање предизвика еуфорија кај фановите кои го пречекаа во голем број.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *