Македонија оди на тешко гостување, но целта е иста – да се освојат три бода!

by

in

Македонската фудбалска репрезентација пред неколку дена освои бод против фаворитот Белгија (1-1), иако имаше шанси да заработи и три поени, но тоа е зад нас и сега следи дуелот со Казахстан.

Казахстан е незгоден противник и македонските репрезентативци ги чека тешко гостување во Астана, каде што ќе се обидат да продолжат со добрата форма и да се вратат дома со три поени.

Македонија на овој меч ќе биде без селекторот Благоја Милевски, кој е суспендиран, а нема да настапат ниту Исник Алими и Бојан Димоски.

Нашата селекција важи за фаворит, а ова ќе биде нивни втор дуел против Казахстан, откако претходниот се одигра во Скопје кога Македонија славеше со убедливи 4-0.

По три натпревари, Македонија е второпласирана во групата Ј со пет поени, додека пред нас е Велс со седум бодови.

Фото: Фудбалска Репрезентација на Македонија 


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *