Македонецот блеска во САД: Јакимовски стигна до 200 тројки во НЦАА лигата!

Aндреј Јакимовски продолжува со одличните настапи во НЦАА лигата каде што е вистински лидер на тимот на Колардо бафалос.

Изминатата вечер Јакимовски постигна 17 поени со кои беше најдобар стрелец во победата над Пацифик Тајгерс.

Посебно е значајно што во овој натпревар Јакимовски стигна до својата јубилејна 200. тројка во НЦАА лигата. Македонецот во овој дуел реализираше четири тројки од седум обиди.

Во натпреварот додаде уште четири скока и две асистенции за 31 минута на теренот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *