Гарсија: Македонија не смее да се потцени!

by

in

Руди Гарсија, селекторот на Белгија не ја потценува Македонија пред утрешниот натпревар

Утре со почеток од 20:45 часот Македонија ја пречекува Белгија во квалификациски меч за Светското фудбалско првенство. Белгијците денеска ја имаа редовната прес-конференција.

„Сите 26 фудбалери кои се повикани се во добра форма, иако дел од нив имаат различни ситуации во клубовите. Сите се подготвени, има проблеми во јуни поради крајот на сезоната. Сепак, најважно е што сите со желба доаѓаат во Скопје за да победат. Сите кои беа повредени, во моментов се во добра форма. Секогаш е предизвик да се игра на гости, ама ние сме подготвени. Јасно ни е дека имаме ривал против кој мора да дадеме максимум“, вели Руди Гарсија.

„Временските фактори треба да се земат в предвид. За утре е предвидено да биде нешто поладно вечерта, ама освен температурата тука е различна и влажноста на воздухот. Тоа ќе биде предизвик, но ние ги направивме сите подготовки при тренажниот процес. Токму затоа дојдовме порано, да ги почувствуваме условите на теренот и да имаме појасна слика“, додава селекторот на Белгија.

Гарсија добро го познава Елиф Елмас на кој му беше тренер во Наполи.

„Не е само Елмас, Македонија има и други солидни играчи како што се Барди, Алиоски… очекувам тежок натпревар. Тоа е тим кој прави притисок, знае да ги искористи грешките на противникот и мора да бидеме внимателни и да го дадеме максимумот“.

„Ја анализиравме Македонија, знаеме дека имаме работа со силен тим, за нас е специфично што ова ни е прв меч во квалификациите за разлика од Македонија која веќе собра четири бода. Ќе дадеме се од себе“.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *