Ќе го скрши ли „проклетството“: Делап е новата „деветка“ на Челси

by

in

Лијам Делап официјално го облече дресот на Челси и ќе го носи бројот 9 – бројка која долго време се сметаше за „проколната“ на „Стемфорд Бриџ“.

Оваа одлука доаѓа по неговиот трансфер од Ипсвич Таун вреден 30 милиони фунти, со што 22-годишниот напаѓач потпиша шестгодишен договор со лондонскиот клуб .

Делап, кој минатата сезона постигна 12 голови во 37 настапи во Премиер лигата за Ипсвич, одби понуди од Манчестер Јунајтед, Њукасл и Евертон, избирајќи го Челси поради учеството во Лигата на шампионите и можноста за повторна соработка со тренерот Енцо Мареска, со кого работеше во младинските категории на Манчестер Сити.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *