Минатото лето, Федерико Киеза направи трансфер во Ливерпул, но сега изгледа дека брзо ќе се врати во Серија А.
Во Англија, Киеза не добива многу минути на терен и не е задоволен. Затоа, летово е планиран неговиот кам-бек во Серија А.
Ливерпул е отворен за понуди, а најсилен интерес покажува Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Алегри одлично го познава Киеза, а медиумите тврдат дека фудбалерот веќе ги договорил личните услови со миланскиот гигант.
Leave a Reply