„Бомба“ во Охрид: Пристигна ракометар кој шест сезони беше дел од Барселона!

—

by

in

ГРК Охрид испраќа сериозна порака до конкуренцијата пред стартот на новата сезона. Еден од најдобрите дефанзивци во шпанската Асобал лига, Ориол Реј Моралес, е ново засилување за охридскиот прволигаш!

31-годишниот Шпанец, висок 190 сантиметри, доаѓа од редовите на Гранолерс, каде што имаше блескава сезона и на домашната сцена и во Европската лига. Со него, Охрид добива вистински лидер во одбраната, играч кој зад себе има искуство од највисок европски ранг.

Моралес потпиша договор на најмалку две години и се очекува да биде клучен дел од охридската дефанзива во обидот за поголем резултатски пробив на домашната и евентуално меѓународната сцена.

Кариерата на Реј Моралес е импресивна. Шест сезони беше дел од ракометниот гигант Барселона, со настапи во Лигата на шампионите, а потоа кариерата ја продолжи во Франција, каде две години настапуваше за Пау Аикс во Лидл Стaрлиг. Во неговото спортско портфолио се вбројуваат и настапи за сите младински категории на шпанската репрезентација, а во 2015 година освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година.

Иако главно познат како дефанзивен специјалист, Реј има и солидна офанзивна завршница кога ситуацијата го бара. Настапувал и за сениорската репрезентација на Шпанија на неколку пријателски натпревари и турнири, меѓу кои и турнирот во Катар, и често се наоѓал на поширокиот список на „Црвената фурија“.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *