Најавено ново натпреварување од септември – ќе играат Македонија и други репрезентации!

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов пред вечерашните полуфинални дуели од Купот на Македонија најави формирање на ново натпреварување.

Стефанов најави дека Федерацијата планира да формира ново репрезентативно натпреварување, кое ќе го носи името „Трофеј Македонија“.

Станува збор за турнир во кој би настапувала македонската женска ракометна репрезентација, заедно со неколку селекции од други земји, како дел од стратегијата за развој, промоција и зголемување на конкурентноста на женскиот ракомет.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *