Алегри се враќа во Милан и ќе се обиде да го оживее паднатиот гигант

Милан постигна договор за враќање на Масимилијано Алегри на тренерската клупа, кој од следната сезона повторно ќе го води тимот од „Сан Сиро“.

Алегри, кој последно работеше во Јувентус до 2024 година, веќе еднаш го предводеше Милан во периодот од 2010 до 2014 година, време во кое му ја донесе последната титула во Серија А во сезоната 2010/11.

Според италијанските медиуми, новиот ангажман на Алегри ќе биде со времетраење од три години, но деталите за неговата финансиска компензација сè уште не се објавени.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *