Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука последните две кола од есенскиот дел на Првата лига да се играат без присуство на публика. Одлуката, која се однесува на натпреварите од 17. и 18. коло закажани за 3 и 8 декември, е донесена по препорака на Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Министерството за внатрешни работи изврши детална безбедносна проценка и препорача ваков чекор со цел да се спречат евентуални инциденти, насилства или несоодветно однесување пред, за време и по натпреварите,“ се наведува во соопштението од ФФМ.
Одлуката е директен одговор на неодамнешните случувања поврзани со недоличното однесување на дел од навивачите, што ја загрижи јавноста и надлежните институции.
Leave a Reply