Баерн Минхен му подготвува „фудбалска одмазда“ на Ливерпул

По неуспешниот обид да го донесе германскиот бисер Флоријан Вирц, раководството на Баерн Минхен ја насочи својата стратегија кон Ливерпул – клубот кој ја доби битката за неговиот потпис. жСпоред најновите информации од германските медиуми, баварскиот гигант планира да возврати со интерес за една од ѕвездите на англискиот тим.

Како што пренесува новинарот Флоријан Плетенберг, Баерн го ставил холандскиот репрезентативец Коди Гакпо на врвот на својата листа на засилувања.

Според проценките, вредноста на напаѓачот изнесува околу 60 милиони евра, а баварците се подготвени да испратат официјална понуда и да му понудат атрактивни лични услови.

Фото: Принтскрин


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *