Баерн Минхен тргнува по ѕвездата на Милан

Главна трансфер цел на Баерн Минхен на лето ќе биде ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат германските медиуми.

Баерн на лето најверојатно ќе остане без Сане, а и Коман е на продажба, па сака да доведе големо засилување на крилните позиции.

И покрај многубројните понуди, Милан сака да го задржи, но после лошата сезона самиот Леао е спремен да ја промени средината.

Милан за неговата слобода бара 100 милиони евра, а Баерн е спремен да понуди 80 милиони плус бонуси.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *