Антонио Конте испиша историја и во својата прва сезона успеа да го освои Скудетото со Наполи, иако тимот не беше меѓу главните фаворити.
Конте призна дека ова е најнеочекувана титула во неговата кариера, која извесно дека нема да ја продолжи во Наполи.
Тој нема добар однос со претседателот Де Лаурентин и после само една сезона ќе го напушти клубот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи веќе нашол замена, а тоа е Масимилиано Алегри, кој постигнал начелен договор со претседателот Де Лаурентис.
Leave a Reply