Арсенал е во потрага по врвен напаѓач, а најголема желба на тренерот Артета е ѕвездата на Јувентус, Душан Влаховиќ.
Актуелниот договор на фудбалерот со гигантот од Торино истекува во јуни 2026 година, а двете страни се далеку од нов договор.
Преговорите одат тешко, а Влаховиќ на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Јувентус е спремен да го продаде.
Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој е во потрага по напаѓач, а најголема желба на Артета е токму Влаховиќ.
„Топџиите“ се спремни да платат 50 милиони евра за Србинот, колку што бара Јувентус во моментов.
Leave a Reply