Надежите до 14 години во натпревар со седум гола поразени од Словенија

Младата репрезентација на Македонија до 14 години загуби со 4:3 од соодветната селекција на Словенија во рамките на вторатата контролна пресметка одиграна помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Двете репрезентации одиграа добар натпревар, со отворена игра, многу шанси и седум постигнати погодоци. 

Нашата младата селекција и на првиот натпревар со Словенија, во Скопје беше поразена со 3:1.

Македонија одлично го отвори натпреварот и рано уште во првата минута успеа да поведе со 1:0, искористувајќи ја грешката на противникот во одбраната.

Противникот направи комплетен пресврт и до 25. минута постигна три погодоци.

Македонија преку Борис Матески и Виган Таири успеа да се врати во игра и го израмни резултатот на 3:3. 

Победничкиот гол Словенија го постигна во 80. минута од натпреварот.

МАКЕДОНИЈА: Давор Танески, Огнен Божиновски, Андреја Блажев, Ариан Исаку, Наум Пашовски, Амар Незири, Павел Димоски, Драган Петков, Доротеј Христов, Васко Трајков, Дамјан Стрезовски; 

Селектор: Горан Станковски;


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *